Снимената директорка се јавувала кај родителите на новинарот што ја соочи со можна злоупотреба на службена должност

Новинарот Фуркан Салиу кој ја соочи директорката на клиниката за педијатрија Аспазија Софијанова со документи од кои се гледа дека земала над 3000 евра плата од кои огромен дел за дежурства, по кавгата со новинарот се јавила кај неговите родители.



Софијанова освен закана за тужба за новинарот од родителите барала Салиу да не објавува за индициите содржани во документите кои според новинарот докажуваат дека директорката земала пари за дежурства на кои воопшто не одела.

,,Седум години во оваа професија, прв пат ми се случува некој да се јави кај моите родители за да побара нешто да не се објави. А да не зборувам за заканите од директорката за тужба”, пишува Салиу чудејчи се на однесувањето на искусната докторка и директорка.

Зошто директорката се вознемирила може да се види од видеото во овој текст

Драма со директорка на клиника и закани кон новинар кој ја обвини дека не одела на дежурства а земала надомест (ВИДЕО)