Снимен моменот кога полицијата се нафрла врз членот на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски го објавува видеото од кое се гледа дека претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е приведен затоа што снимал за време на протестите на опозицијата во центарот на Скопје.



Од видеото се гледа дека еден од полицајците вели дека не смее да се снима иако се работи за јавен настан на јавна површина и нема забрана за снимање.

Според изјавата на приведениот полицаецот го фаќа за рака а потоа тој е приведен.
Полладнево приведениот е ослободен од МВР.

Инцидентот во кој полицајци се нафрлат врз момчето се случува додека тој снима разговор меѓу двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на полицијата.

На денешните протести на полицијата видео со своите мобилни телефони снимале стотици луѓе но само еден беше приведен.

Видеото на овој линк

https://www.facebook.com/watch/?v=327887468821955

Најнова вест на темата

Јасно се гледа дека не дава отпор ниту навредува

(НОВО ВИДЕО) Во апсењето на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ учествуваат повеќе полицајци

Повеќе детали за инцидентот

Приведениот пред Мавровка е партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ