Снимателот и монтажер Тони Николовски, стана посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Арјанит Хоџа, објави ИРЛ.



Николовски, сопруг на поранешната советничка на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска, работел како монтажер и снимател во Македонската национална телевизија, Канал 5 и во  А1 Телевизија. По затворањето на А1, Николовски бил задолжен за видео продукција во семејниот интернет портал Бриф.мк. Од 2015 до неодамна Николовски бил снимател и монтажер во државната турска новинска агенција Анадолу.

Телевизиската водителката Зорица Андреева е ангажирана како советник за евроинтеграции на министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска.

Андреева е поранешна сопственичка на бутик, а работела како водителка на емисии на ТВ Сонце, АБ Канал и на ТВ 24.