Во поголемиот дел од Србија врне снег, а Белград утрово беше парализиран откако во главниот град наврнаа околу 20 сантиметри снег.



Покрај проблемите во сообраќајот, априлскиот снег што падна на подрачјето на Западна Србија им донесе и големи проблеми на голем број овоштари.

„На гранките има дебел слој мраз и евидентно е дека се што ја започнало вегетацијата сега е уништено.Она што дополнително не“ плаши е најавениот минус.

Нема спас, нема цвет до следната година. Годинава со сливи изгледа заврши, за жал. Освен сливите, кајсиите веќе се десеткувани од мразот, црешите се во сомнеж. Ако нешто преживее од плодот, тоа може да биде само јаболко што уште не процветало“, велат овоштарите.