Смртниот биланс постојано расте – земјотресот во Мароко проголта над 2.000 луѓе

Еден куп семејства во Маракеш ја поминаа и втората ноќ под отворено небо. По еден од најсмртоносните земјотреси во Мароко кој се случи на 8 септември, стравуваат дека нивните домови веќе не се безбедни. Бројот на жртви во земјотресот надмина 2.000, а властите прогласија тридневна жалост.



Министерството за внатрешни работи на земјата соопшти дека најголем број жртви има во провинцијата Ал Хуаз, а по неа, според смртниот биланс е провинцијата Тарудант.

  • Куќите беа во кревка состојба и пред земјотресот. Ова е се што имаме, штетата е голема. Изгубив сосед, млада девојка, а брат и е повреден. Во паника се преживеаните.

Од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, предупредија дека следните 24 до 48 часа ќе бидат критични во смисла на спасување животи.

  • Веќе знаеме дека има многу градови кои се погодени, и градови каде луѓето го почувствувале потресот. Но мислам дека позагрижувачки во овој момент е што во пооддалечените места и планинските региони не можеме да ефективно се уште да стигнеме. – Керолин Холт – Меѓународната федерација на Црвениот крст

Во Маракеш, бројот на загинати, како што пренесуваат агенциите, е значително помал, но градот кој е под заштита на УНЕСКО претрпе значителна материјална штета во силниот потрес.

Повредените се пренесуваат во болниците а здравствените власти ги повикаа граѓаните на земјата да даруваат крв. Властите на Мароко синоќа прогласија тридневна жалост во земјата, додека во меѓувреме трае трката со времето на спасувачките екипи и населението во потрагата по преживеани. За време на земјотресот во земјата биле затенкати и голм број стански туристи.

Земјотресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала и ја погоди областа околу градот Маракеш и планинскиот венец Атлас, но бил почувствуван и во други делови на земјата. Неколку илјади луѓе, како што пренесуват медиумите ја поминале и втората ноќ по земјотресот на отворено покрај урнатините на старите згради во Маракеш. Македнското МНР вчера потврди дека двајца македонски државјани се пријавиле во ДКП во Каиро кои се во добра здравствена состојба и вечерва патуваат во Мадрид.