Ибин Емшиу, кој во пожарот во модуларната болница во Тетово ги загуби својот татко и брат, тврди дека добивал смртни закани откао прозборе за она што се случуваше во тетовската модуларна болница пред и за време на пожарот во кој загинаа 14 пациенти.



„Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар“, вели Емшиу за Дојче веле.

Деновиве Емшиу изјави дека модуларната болница во Тетово била „барака од пластика и стиропор“.

Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата.

Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

Вели дека шест дена седел во ковид центарот.

„Не знам точно колку луѓе бевме внатре. Тој објект беше полн со придружници, кои спиеја таму, значи бевме околу 50 луѓе заедно со пациентите. Сите пациенти имаа придружници од нивните семејства кои ги чуваа деноноќно“, вели Емшиу.

Емчиу вели дека примил неколку закани и совети да внимава што зборува:

„Таткото и братот што ги изгубив имаат документи и адреса во Италија, и ако треба и таму ќе бараме правда. Луѓето што ги изгубив нема да се вратат, но казни за грешките што се направени во таа болница мора да има. Ќе барам правда до крај“, вели тој.