Закани до инспектор кој зборува за криминал од познат професор и дипломат

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски тврди дека добил закани по неговиот настап на емисијата Запиј ако можеш на ТВ Алфа.



Според Илиевски заканата дошла од професор и дипломат кој и е многу добро познат на македонската јавност.

Заканата, како што тврди екс инспекторот Илиевски се однесува на безбедност по неговиот живот за тоа што го свиреле во емисијата.

Заканата се однесува на изјавите на Илиевски дека еден универзитет во регионот издава нелегални магистерски и докторски титули кои се признати во Македонија.

За заканите за кои инспекторот Илиевски тврди дека дошле преку мобилен телефон и тој има запис за тврдењата, екс инспекторот ќе побара заштита од МВР каде ќе го пријави случајот.

Целата емисија со Илиевски