Освен во Белорусија, каде што две лица беа егзекутирани минатата година, во Европа е укината смртната казна.
Но, според Амнести интернешнал, таквата казна с’е уште постои во Република Српска каде според член 11 од овој босански ентитет„ смртната казна може да биде исклучително пропишана и изречена само за најтешките форми на сериозни кривични дела“”.
На светско ниво, смртната казна продолжува да биде редовна практика. Кина сé уште е земја каде најмногу се изрекува казна – смрт иако никогаш не е јавно објавено колку егзекуции се извршуваат во таа земја.
Со исклучок на податоците од Кина, повеќе од половина (51 отсто) од смртните казни се вршат во Иран, на кој, заедно со Саудиска Арабија, Ирак и Пакистан, отпаѓаат 84 отсто од сите смртни казни изречени во светот.
Смртна казна с’е уште се извршува и во некои сојузни американски држави.
Во Јапонија пред неколку дена беа егзекутирани членови на „АУМ-сектата“ која во 1995 изврши терористички напад со пуштање на отровниот гас сарин во токиското метро.





