Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува заканата со војна на вицепремиерот Бујар Османи после извештајот на Венецијанската комисија, дека поништувањето на Законот за употреба на јазиците од Уставниот суд или негова ревизија во Собранието ја враќа Македонија пред 2001 година, реагира претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.
Заканите од Бујар Османи претставуваат обид за мајоризација на едно малцинство врз мнозинството, и тоа е сериозна опомена до политичките партии за реформирање на институциите на власта поради системски деформации на политичкиот систем!
СМК очекува јавниот обвинител да ја третира заканата на Бујар Османи, независно од неговата позиција во власта со цел дестабилизација на државата – пишува на својот Фејсбук профил Петров.





