Поради проневера на речиси 11 милиони денари (околу 177.000 евра), Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвининение против сметководител.



Сметководителот неовластено и имитирајќи го потписот на оштетениот нотар, потпишал 211 налози за пренос на парични средства од сметка на нотарот, на сметка на неговата сопруга.

Обвинителството утврди дека обвинетиот водејќи сметководство на нотарска канцеларија во Скопје, во периодот од 28 април 2016 година до 28 ноември 2019 година присвоил пари кои му биле доверени во службата во вредност од 10.913.195 денари, информираат од ЈО Скопје.