„,,,Покрај наследените милионски долгови, сега со зголемување на цената на електричната енергија, сметките за електрична енергија буквално ги јадат редовните општински буџети, кои чинат милиони евра на сметка на капиталните проекти кои се во интерес на граѓаните“ изјави денеска градоначалничката Данела Арсовска на денешното Координативно тело на градоначалници на скопските општини.



Истакнато беше дека помалите општини речиси целосно го имаат истрошено делот на редовниот буџет само за сметките за електрична енергија, а најголемиот дел од општините имаат средства за покривање на само уште неколку сметки, по што ќе недостигаат средства за реални проекти за граѓаните.

На Координативното тело на градоначалници се донесе заклучок дека во ситуација кога цените на електричната енергија растат, потребна е итна интервенција од Владата за решавање на проблемот со енергетската криза во општините во градот Скопје, каде што спаѓаат општините Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари.