Сменети министрите Меџити и Алиу

Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“, Собранието ги разреши министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу, кои го поддржаа лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во одлуката за приклучување на албанскиот опозициски блок пред изборите во мај.



Предлогот го даде техничкиот премиер Талат Џафери, кој објасни дека „воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност, за кои имам исклучителна почит“, а на гласањето не присуствуваше ни опозицијата во македонскиот блок предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„До вчера се зборуваше дека ДУИ ги контролира албанските партии, но денеска се гледа дека ДУИ не само што ги контролира, туку и отворено одлучува кој ќе биде министер во една друга партија“, рече Алиу, посочувајќи го вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби од ДУИ како егзекутор на разрешувањата функционери од Алијанса за Албанците.