Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја е именуван за член на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, но не како дополнителен член.



Азизи доаѓа на местото на историчарот Александар Литовски од Националната установа Завод и музеј – Битола.

Историчарот Литовски потврди веќе не е член на македонско-бугарската историска комисија.

„Јас не добив никакво образложение“, изјавил Литовски за Фокус.

Во јавни настапи Литовски изјавуваше дека решението со Бугарија не е во попуштање, бидејќи според него, Бугарија постојано ќе излегува со нови барања се додека не го оствари својот Сан-стефански сон.

Од Владата за Фокус објаснуваат дека на Литовски му истекол договорот на 31 декември 2020 година.