Смена на кардиохирургот од првата трансплантација на срце, новиот директор од Тетово воопшто не е кардиохирург!?

Извори во министерството за здравство за expres.mk тврдат дека на маса во кабинетот на новиот министер за здравство од Алијанса за Албанците Фатмир Меџити е одлуката за смена на досегашниот директор на Државната кардиохирургија Сашко Јовев.



Засега не се познати причините за смена на Јовев кој го предводеше тимот во првата трансплантација на срце во Македонија.

За нов директор се очекува да биде именуван интервентен хирург од Тетово кој е близок на Алијансата за албанците од каде доаѓа и министерот.

Инаку интервентниот хирург кој треба да ја води Државната кардиохирургија не е кардиохирург и тој нема да може да учествува во работата на оваа институција.

Во меѓувреме нов скандал во здравството

Не можел повеќе да го издржи психолошкиот притисок

Директор на универзитетска клиника дал оставка заради мобинг од член на влада