Смеел ли министерот Спасовски да има приватна прослава во дипломатско претставништво

Министерот Оливер Спасовски се пофали на социјалните мрежи дека за време на посетата на Берлин го прославил својот роденден.



На фотографиите кои ги објавил се гледа дека тој е во просториите на македонската амабсада во главниот град на Германија што ја отвара дилемата дали министерот има право да го прославува својот роденден што е приватна забава во објект на македонско дипломатско претставништво.

,,Благодарност за изненадувањето од страна на мојот тим и од македонската амбасада во Берлин.

Ви благодарам на сите за искрените честитки.

Да сте живи и здрави!”, се пофали Спасовски на социјалните мрежи за својата приватна забава во македонската амбасада во Берлин.

Спасовски во својот пост признава дека членови на неговиот кабинет со вработени во амбасадата му направиле изненадување иако знае дека вработените во МВР кои се негови соработници немаат никакви ингеренции во објектот на МНР.

Иако се работи за навидум неважен настан сепак тој открива можна злоупотреба на државни ресурси за приватни потреби на министер.

За разлика од Спасовски кој во државен имот слави роденден било кој друг граѓанин на Македонија тешко влегува во било која амбасада кога се работи за приватни потреби.

Посебно етичко прашање е дали одговорните во амбасадата требало да дозволат прослава на роденденот на Спасовски во амбасадата во чии простории пред четириесетина дена почина амбасадорот Рамадан Назифи.