Бидејќи во називот на функцијата претседател стои Република Македонија, а не новото уставно име на државата, „Службен весник“ веќе нема да ги објавува указите и решенијата на претседателот Ѓорге Иванов.
Владата, министерствата, владините агенции веќе се заведени во Централниот регистар со новите имиња кои во вторникот ги објави Владата поради уставните измени.





