Случајот на професорот Богданов

Професорот Богдан Богданов од Природно математичкиот факултет во Скопје објаснува зошто нема дилеми како ќе се однесува на претстојниот референдум:



ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА

Пред извесно време ја купив едицијата Илинденски сведоштва (пет тома во 9 книги, 2016/17) издание на Државниот архив на Република Македонија.

Пријатно се изненадив кога видов дека уште во првиот том, на самиот почеток, на ударната страна стои слика „Илинденецот Никола Богданов со неговата чета“.

Не само тоа, во првиот том на стр. XLII (после предговорот од Кит Браун) стои извадок од неговата биографија.

Со дедо ми Никола Богданов сум живеел една година пред неговата смрт во Битола. Од друга страна, во едицијата е застапен и Никола Динев, мојот друг дедо по мајчина линија – со кога го поминав целото детство и младост. Секако и двајцата дедовци се носители на Илинденска споменица 1903.

И сега, како да гласам на Референдумот? Се разбира БОЈКОТ!