Случајот ,,Министерка со психички проблеми” може да однесе в затвор моќен владин директор

Пратеникот и полковник Драган Ковачки доставил пратеничко прашање до Премиерот Ковачевски поврзано со доставување на информација за постапувањето согласно Законот за класифицирани информации од страна на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации а поврзано со постапките на Министерката за одбрана.



Предходно Ковачки во собранието објави психијатриско вештачење за министерката Петровска кое според македонските закони и НАТО процедурите е причина таа да го загуби пристапот до класифицирани документи а со тоа да ја загуби и министерската функција.

Покрај Петровска која морала да пријави дека има психички проблеми со законска одговорност се соочува и директорот на ДБК Стојан Славески кој во досието за Петровска и подобрен глас морал да додаде дека таа има психички проблеми, кои самата ги призна, и да и го одземе безбедносниот сертификат.

,,Законот мора да се почитува од сите”, вели полковникот Ковачки за незаконското работење на членовите на владата и ДБКИ.

Петровска на прес конференција мафташе со папка со класифицирани информации за Ковачки што е злоупотреба од нејзина страна и исто така може да биде проблем за неа и за Славевски.