Случајот Беса Адеми утре пред Судскиот совет

Извештајот од Комисијата на известители за иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми е готов и Судскиот совет утре ќе расправа за него, изјави претседателкатата на СС, Весна Дамева.
Претседателката Адеми беше обвинета дека постојано не доаѓа на седниците на Судскиот совет, иако е член според функцијата без право на глас. Исто така, дека не се одзвала на барањето за средба на 6 ноември веднаш по интервјуто дадено за СДК.Мк, во кое таа рече дека врз врховните судии се вршат политички притисици во врска со оживување на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов.

„Прво за што се изјаснува Советот е за запирање на постапката, за што се потребни најмалку седум гласа.



Доколку нема мнозинство, се пристапува кон констатирање дека е сторена повреда и кон изрекување на една од утврдените законски дисциплински мерки, почнувајќи од најтешката кон најлесната, што значи првата е разрешување, па парична казна имајќи предвид висината и времетраењето, па јавен укор и на крај опомена“, рече Дамева.

Таа рече дека знае како ќе се произнесе, но не и дека има какво е  расположението на нејзините колеги во Советот и дали ќе има мнозинство од најмалку 8 гласови за разрешување на Беса Адеми.