Виктор Димовски, директорот на АНБ по денешната седница на надлежната собраниска комисија за надзор рече дека „во Агенцијата за национална безбедност е направен пропуст во случајот Онишченко на на кого ну било дадено македонско државјанство иако бил на „црната листа“ на САД, а по него била издадена и потерница.



Тој рече дека во АНБ сите безбедносни проверки се прават во согласност со НАТО-стандардите, дека постојат повеќе нивоа на утврдување потенцијални закани, но истовремено и потврди дека за Олександр Онишченко кикснало последното нивокоординација на АНБ со службите на НАТО земјите, вклучувајќи ја и американската.

„Кога влеговме да анализираме дали сите овие нивоа ја испочитувале процедурата констатиравме дека последното ниво кое требало да направи консултација со партнерите во НАТО дало согласност без да се направи последниот чекор – потребната консулатција со НАТО. Затоа во АНБ преземени се неколку мерки, лоциран е човекот кој се потпишал преземени се мерки за утврдување на одговорност“, ирече Димовски, како што пренесе Гласот на Америка.

Димовски, кој треба да биде иден македонски амбасадор во Париз – номинација која сега станува неизвесна поради скандалот, е свесен дека ударот врз АНБ е сериозен и како, што вели, ја засенува досегашната работа на агенцијата.

„Нема да бегам никаде ако се утврди и моја одговорност“, рече првиот човек на државната безбедносна служба.

Воспоставен е систем како што треба, ние уште еднаш ќе го преиспитаме системот. Се работи за една алка во тој систем која направила голем пропуст кој може да ја компромитира работата и сите постигнувања на АНБ. Многу сериозно го разбираме сето ова и ќе преземеме се што треба за тоа да не се повтори.

Одговорноста ќе биде утврдена на локално ниво, а ако мене ме прашувате јас сум тука, нема да одам во Грција, Будимпешта, подготвен сум да се соочам со се ако се процени дека треба да сносам одговорност.“, изјави Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност.