Случај „Онишченко“: Димовски во петок ќе објасни како Украинецот добил македонски пасош

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски го потврдил присуството на собраниската Комисија за надзор врз работата на АНБ за лично да ги изнесе своите ставови за скандалот со државјанството на украинскиот политичар Олександр Онишченко, потврди за „Слободен печат“ претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов.



Иако комисијата е закажана за утре напладне, Димовски пред членовите на комисијата ќе реферира в петок, бидејќи два дена службено ќе биде во Брисел. 

Ми се јави директорот на Агенцијата за национална безбезбедност (АНБ), Виктор Димовски, и ме информираше дека во петок ќе присуствува на собраниската седница на Комисијата за надзор врз работата на АНБ и дека тогаш ќе ги изнесе сите детали околу државјанството на контроверзниот украински политичар Олександр Онишченко, истакна претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов.

Димовски му рекол дека сака „лично пред Комисијата да ги каже своите ставови околу доделувањето македонско државјанство на Украинецот Онишченко“.