Денови пред вториот круг од локалните избори, владејачката партија во Република сс. Македонија – Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), ја вовлекува Бугарија во предизборната кампања против опозицијата, објави БНР.
„Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска рече дека кандидатот за градоначалник на Скопје Даниела Арсовска 10 години има „резервна татковина“ и дека тоа било Бугарија. Според Петровска, Арсовска не може да се грижи за интересите на скопјани, бидејќи има бугарско државјанство.
Од Фондацијата „Македонија“ го опишаа ова како говор на омраза заснован на етничка основа и го повика бугарското Министерство за надворешни работи да одговори на изјавите на владејачката партија во Скопје.
„Изјавата, која е говор на омраза, е обвинување против кандидатот за градоначалник на Скопје на партијата ДПМНЕ дека е бугарски државјанин и дека тоа значи дека е предавник и личност на која не може да му се верува.
Ние, прво, не знаеме дали е бугарска државјанка, второ, не и изразуваме никаква политичка поддршка, напротив – ДПМНЕ е и партија која често практикува говор на омраза, но изразуваме жалење и силна индигнација што владејачката партија во Република сс. Македонија официјално изразува омраза кон своите граѓани, кои наводно се Бугари“. – коментира Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата „Македонија“.
Според него, тоа треба да биде нотирано во ставот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во однос на преговорите со ЕУ. „И мора да биде осуден! Такво нешто е недозволиво. – нагласи Виктор Стојанов, пренесуваат бугарски медиуми.






