Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Предлог -спогодби со уште седум лица од групата во Грчец обвинети во случајот „Планина“.
Тие биле запознаени со доказите што обвинителството ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, и го признале кривичното дело.
Претходно, седуммината припадници на т.н. група од Гази Баба осомничени во предметот „Планина“, го признаа делото и се спогодија за порелаксирани казни.
За седимтемина од Грчец, судијата на претходна постапка при Основиот кривичен суд – Скопје ги прифати Предлог – спогодбите и лицата ги огласи за виновни за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик: Трговија со дрога.
Со пресуда на обвинетите им е изречена казна затвор во која се пресметува и времето поминато во притвор.







