Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени нови 1.963 случаи на инфекција со коронавирус, а 18 лица починале, објави словенечкото Министерство за здравство.
Бројот на заразени е за 300 поголем од претходниот ден и претставува „ црн рекорд“ по бројот на нови случаи и бројот на смртни случаи досега.
Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 21.276, од кои 13.023 се моментално активни.
Досега починаа вкупно 234 пациенти, а бројот на заразени на 100.000 жители во последните 14 дена е 449, што ја прави Словенија една од најзагрозените во Европската унија.





