Словенија воведе полициски час во 7 региони

Во Словенија од денеска на сила е полициски час во трање од 21 до 6 часот наутро.



Од денес, исто така, е забрането собирање на повеќе од 10 лица, а за поголемите ученици наставата ќе се одвива преку интернет.

Во седумте региони, кои се наоѓаат на црвената листа, важи и забраната за организирање настани, собири, свадби и црковни церемони.

Во сила е и обврската да се носат маски во затворено, на отворено, во автомобил кога се превезува лице што не е член на исто домаќинство. Кога станува збор за границите, засега остануваат истите правила.