Словенија: Владина седница под маски

Новата словенечка влада на премиерот Јанез Јанша ја одржа својата прва седница – под маски.



Поради епидемијата на коронавирус формиран е кризен штаб со кој ќе раководи премиерот.

Седницата заврши во раните утрински часови, а Кризниот штаб ќе ја одржи својата прва седница денеска и ќе донесе нови мерки за контрола на состојбата, со оглед дека оценката на новата влада е дека досега преземените мерки не биле доволни.

Досега во Словенија е потврдена зараза кај 141 лице.