Словенија: Уставниот суд против задолжителното вакцинирање

Словенечкиот Уставен суд го блокираше владиниот план да ги направи вакцините против коронавирус задолжителни за државните службеници, неколку часа пред мнерката да стапи на сила, објави АФП.



Владата планираше да пбара околу 31.000 луѓе, вклучително и владини службеници, полиција и војници, да бидат вакцинирани или да покажат сертификат дека се оздравени од СОВИД-19 за да продолжат да работат.

Наредбата требаше да стапи во сила денеска, но како одговор на жалбата против мерката поднесена од полицискиот синдикат, судот одлучи да го блокира неговото извршување.

Во својата одлука, судот одлучи дека „и покрај многу сериозната епидемиолошка ситуација“, Судот смета дека „спроведувањето на потенцијално неуставна (мерка) … ќе има полоши последици од одложувањето на спроведувањето“.

Блокирањето на наредбата ќе остане во сила се додека судот не донесе одлука по жалбата поднесена од полицискиот синдикат, но датумот не е одреден.

Според мерката, вработените се соочуваа со губење на работата доколку ја одбијат вакцинацијата а нивната позиција не им дозволи да работат од дома.

Словенија вакцинираше 45 проценти од своите 2 милиони луѓе, една од најниските во Европската унија.