Словенија чека одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) за имунизација со вакцината „Спутник V“ против Ковид-19.
„Советодавната група за вакцинација неодамна препорача да се набават сите вакцини што ги разгледува ЕМА. Ние го сторивме тоа, така што, откако ќе биде одобрено, можеме да започнеме со употреба на вакцината веднаш за да не губиме време“, изјави шефицата на националната советничка група за имунизација Бојана Беовиќ.
Експерти од Европската агенција за лекови престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината Спутник V, a ќе ги посетат i производствените капацитети.







