Словенија е актуелниот претседавач на ЕУ, ѝ предложила Унијата да се прошири на целиот Западен Балкан до крајот на деценијата, а тоа го изнесе во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела, пишува Фајненшл тајмс.
Предлогот за брз прием на земјите, меѓу кои е и Македонија, го дале пред три дена на состанокот на амбасадорите во Брисел, и наишол на вџашеност кај другите земји -членки на Унијата.
Блокот и понатаму е поделен околу потребата за ширење и брзината со која треба да се примаат нациите,
Некои го опишаа предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот.
Преговорите на Македонија со ЕУ се блокирани поради бугарското вето.







