Министерството за одбрана на Словенија одлучи во Македонија да испрати нови 52 пожарникари и членови на цивилната заштита, јавува МКД.МК.
Во Македонија во моментов има 45 словенечки пожарникари, а втората група – 43 пожарникари и 9 припадници на цивилната заштита – ќе ги заменат нивните колеги кои се од 6 август во регионот на Берово.
Како што објавуваат медиумите во Словенија, специјалните возила за гасење пожари остануваат во Македонија, а се менува само тимот.






