Словенија бара трговец со луѓе од струшко Калишта

Словенечките власти со помош на Интерпол бараат трговец со луѓе роден во селото Калишта што се наоѓа во близина на Струга.



Според потерницита од Интерпол Фаредин Локман е дел од мрежа за шверц со луѓе а има словенечко државјанство.

Роден е во 1970 година а не се исклучува дека тој во моментов е во Македонија.

Ако го забележите можете да го пријавите во полицијата но и во словенечката амбасада во Скопје.