Шефовите на дипломатиите на Словенија, Австрија и Чешка изразија поддршка за првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во Скопје, пренесува „360 степени“.



„Нашата зедничка посета на с Македонија има цел да испрати јасна и гласна порака дека сериозно го цениме напредокот којшто земјата го направи до сега во процесот на пристапување кон ЕУ. Почетокот, всушност на вистинските преговори за членство на с Македонија одамна доцни и Чешка, Австрија и Словенија, како и други истомисленици меѓу земјите членки на ЕУ силно ја поддржуваат иницијативата на португалското претседателство со Унијата да се организира првата меѓувладина конференција во јуни. Не смее да има нови одложувања“, рече чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек.

„Гледаме многу позитивни подобрувања, што беа презентирани денеска и исто така задволство ни е што претседателите на Северна Македонија и Бугарија заедно ќе отпатуваат в среда во Рим“, изјави шефот на дипломатијата на Словенија, Анже Логар, рече дека Западниот Балкан е многу важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ.

Тој истакна дека посетата на Рим е одлична можност да се дискутира за прашањето, а во меѓувреме, тој посочи дека министрите за надворешни работи ќе направат се што можат да и помогнат на Северна Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ, како и започнување на Меѓувладина конференција.

За министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денешната посета е навремена односно точно 30 дена пред да се одржат јунско-јулските состаноци во ЕУ.