Словенечкиот премиер Јанша до Трамп: Оди, победи

Словенечкиот премиер Јанез Јанша отворено го поддржа американскиот претседател Трамп за старо-нов домаќин на Белата Куќа во изборниот дуел со кандидатот на Демократите Џо Бајден.



“Го почитуваме тешкиот, трагичен личен живот на Џое Бајден и некои од неговите политички достигнувања пред многу години. Но денеска ако биде избран тој ќе биде најслабиот претседател во историјата. Во моменти кога слободниот свет очајнички има потреба од силни САД како никогаш предходно. Оди, победи Доналд Трамп @realDonaldTrump ????”, порача денеска на 4 дена пред изборите премиерот Јанша.

Подршката од Јанша за Трамп беше очекувана поради тоа што обајцата и припаѓаат на десницата како идеолошка матрица а не треба да се заборави и дека сопругата на Трамп, Меланија е Словенка.

Македонските лидери засега молчат за својот фаворит

Словенечкиот премиер Јанша до Трамп: Оди, победи