Словенечки пожарникар: Неверојатно беше како луѓето во Македонија ни дадоа се што имаат

Фотографката која изминатиот период во текот на големите пожари беше на десетина локации од каде што известуваше за ДВ на мскедонски јазик денеска откри една интересна порака од словенечки пожарникар кој гасел пожари во Македонија.



“Изминатиот период имам добиено безбројни пораки. Ја споделувам со вас ова денешна порака која ја добив од еден словенечки пожарникар, пишува Арбноре Мехмети Норе и ја пренесува пораката:

”Ви благодариме за целата поддршка и прекрасните фотографии. Останете безбедни и најдобри желби за вас и вашето семејство.
Ве молиме, благодарам на сите луѓе за целата поддршка во овие денови. Неверојатно беше како ни дадоа се што имаат”.

Словенечкиот пожарникар не може да се начуди како локалните жители со помагатели од Словенија делеле се што имале.