Словенечки политичар пренесува: Заев, крал на марихуаната, најголем криминалец на Балканот, домашен предавник…

„Заев, пријател на вашата Фајонка, кралот на марихуаната, најголемиот криминалец на Балканот, домашен предавник што ја продаваше Македонија на странци, ужива огромно богатство, а македонските пожарникари гаснат со камиони од Втората светска војна. Добро е што Словенците дојдоа да им помогнат на сиромашните Македонци “.



Оваа порака која ја добил од негов пријател ја објавува словенечкиот политичар и лидер на Словенечката национална странка Змаго Јелинчич.

Јелинчич кој е пратеник во парламентот на Словенија со овој твит ја коментира состојбата во Македонија во врска со пожарите кои ги гасат и словенечки пожарникари.

Фото: Твитер пост на Јелинчич

По 24 часа:

Нема демант, протестна нота ниту било каква реакција за твитот на пратеникот

Заев не реагира на обвинувањата од ЕУ политичар дека е најголем криминалец на Балканот