Словенечкиот писател Борис Пахор на прославата на својот 106. роденден вчера упати седум пораки до сонародниците, кои важат и за други народи, а посебно за македонскиот, како што ќе нагласи македонскиот активист од Словенија, Андреј Дочински, кој ги сподели на својот профил на Фејсбук:
„Стар човек вреди да се послуша“;
„Не сакам други да одлучуваат за мојот живот“;
„Ние Словенците ако немаме верба во нашиот идентитет, нема да опстоиме долго“;
„Ние денес не сме свесни Словенци“;
„Да се биде свесен не е национализам!“;
„Словенците би морале да бидат посамосвесни“;
„БЕЗ НАЦИОНАЛНА СВЕСТ, НЕМА ДА ОПСТОИМЕ“.
Борис Пахор е словенечки романсиер роден во Трст, најпознат по своите описи на животот како член на словенечкото малцинство во Италија за време на подемот на фашизмот пред Втората светска војна, како и преживеан од нацистички концентрационен логор.





