Тања Фајон, пратеничка во Европскиот парламент од словенечката партија Социјални демократи, наследничка на некогашната Комунистичка партија на Словенија, изрази сочувство на Твитер за 14. жртви од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, пишувајќи го градот од северозападниот дел на Македонија на албански јазик?!
Гестот на лидерката на опозициската партија во словенечкиот парламент ги налути Македонците во членката на Европската унија, сметајќи го за навреда за македонскиот народ како мнозински во државата во која се случи трагедијата. Тие реагираат и за твитот на Фајон два дена претходно, во кој таа го честиташе Денот на независноста на „Северна Македонија“.






