На инфективната клиника во главниот град на Словенија, кружи приказна за зависник од дрога од Љубљана, кој досега бил вакциниран 23 пати.
„Приказната“ е во контекст на појавата луѓе да се вакцинираат во име на други и по неколку пати за неколку стотици евра.
Главно се работи за луѓе со послаб финансиски статус, кои тоа го прифаќаат наместо побогати антиваксери на кои им е потребен сертификатот.
Новинарите од љубљанскиот весник „Дело“ стапија во контакт со млад човек кој досега бил вакциниран четири пати.
Тој тврди дека побарувачката за „вакцинирани“ владее уште од мај.
Весникот наведува дека растечкиот проблем ги доведува во прашање методите со кои се одредува идентитетот на луѓето кои се вакцинирани.







