Управниот суд во Словенија го одби барањето на маж кој формално се откажал од католичката црква да му бидат избришани личните податоци од парохискиот регистар за крштевање.
Тој се повика на Регулативата за заштита на податоците (попозната по англискиот акроним GDPR), која во Европската Унија е во сила од 2018 година и предвидува право на бришење на личните податоци доколку се обработуваат против желбите на оние кои ја напуштиле организацијата или компаниите, пренесува Индекс.хр.
Откако неговото барање прво беше одбиено од црквата, а потоа и од владиниот комесар за заштита на личните податоци, истиот став во постапката го зазеде и Управниот суд.
Судот во одлуката наведе дека чувањето на лични податоци на поединец во овој случај не значи повреда на неговите права или слободи бидејќи неговото право да не припаѓа на ниту една религија се признава со внесување на запис во црковната архива дека тој ја напушти црквата.
Човекот тврдел дека неговите податоци во книгата за крштевки биле незаконски чувани и дека треба да се избришат.







