Врховниот суд на Словенија одлучи дека нема правна основа за изрекување казни за неносење заштитни маски во затворени јавни простори.
Казните за поединци се движеа од 400 до 4.000 евра.
Адвокатот Блаж Ковачич Млинар за Дело вели дека на оние кои веќе ги платиле казните им останува само правен лек и дека можат да ја тужат државата.
„Имаат можност да ја тужат државата затоа што немаше правна основа за изрекување парична казна. Тоа е неоправдано збогатување на земјата. Тешко е да се предвиди како ќе испадне ова, но во секој случај, како и кај сите слични постапки, може да заврши со спогодба. Главниот збор го има државното обвинителство, кое ја претставува Република Словенија“. Тој додава дека нема автоматизам за враќањето на казната.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја коментираше одлуката со зборовите:
Неверојатно. На друго место во ЕУ, судството се обиде да помогне да се спасат здравјето и животот на луѓето, само во Словенија Врховниот суд…се попаметни од целата здравствена и правна професија во ЕУ“.







