Словачка против одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Словачкиот заменик-министер за надворешни работи Мартин Клус го пренесе стратешкиот став на својата земја, како што го нарече, дека Македонија и Албанија треба заедно да почнат преговори за членство во Европската унија.



„Полесно е за двете држави и за нас, бидејќи полесно делиме искуства, вклучувајќи ги нашите во Словачка, кои не се само позитивни. Верувам дека ако двете земји заедно почнат преговори, ќе ги видиме во ЕУ што поскоро. Ова е наша стратегиска цел“, изјави Клус за време на дводневната посета на Македонија.