Словачката влада воведе вонредна состојба во земјата поради зголемениот број пациенти со коронавирус, соопшти денеска премиерот Игор Маровиќ на својот Фејсбук профил.
Вонредната состојба, која ќе трае 45 дена, ќе и даде на владата можност да воведе построги мерки, но тоа нема да значи автоматски враќање на строгиот карантин, како што беше на почетокот на пандемијата, јави Ројтерс.
Бројот на новоинфицирани во изминатите 24 часа во Словачка е 567, покажуваат податоците на Националниот здравствен информативен центар.
Во болниците има 187 лица, од кои 16 се на одделенија за интензивна нега, а 18 се во дишење.
Во исто време, во земјата вчера починаа три лица, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 48.