Неколку стотини граѓани на мирен собир во близина на затворот во Штип им дадоа поддршка на осудените за настаните од 27 април 2017 година и побараа слобода за 400-500 прогонети патриоти.
„Сакам да им порачам дека не се заборавени. Не само што не се заборавени, тие за нас тука присутните, а верувам дека и во секој македонски дом денеска, се современите маченици во 21 век. Нивниот грев е во тоа што тие ја љубат и ја сакаат Република Македонија можеби нешто повеќе од нас останатите. Постоеле лоши времиња, меѓутоа во моментов сакам да кажам дека 400 до 500 македонски синови и ќерки кои што се спротивставиле на Зоран Заев сега се под политички прогон. Толку луѓе се под обвиненија, по притвори и затвори. Дојдени сме тука да порачаме дека ние не можеме да прифатиме македонските затвори да бидат полни со патриоти, а во исто време корумпирани криминалци да се шетаат по Мексико и Дубаи“, порача еден од организаторите на собирот Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.






