Сликата кажува сѐ но во МВР решиле да демантираат и да се резилат

Иако постои фотографија на која се гледа дека висок функционер на СДСМ и директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски пие кафе со човекот кој направил кривично дело МВР решава да се резили и да демантира информација која по оваа слика не може да се демантира.



Министерството за внатрешни работи ги отфрла обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој на прес-конференција говореше за поврзаност меѓу директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и лицето Самед Мисини од Ласкарци, кој, како што рече Стоилковски, во јули 2022 година испукал најмалку една цела рамка од огнено оружје во присуство на Тасевски.

И покрај јасната фотографија на која се гледа како Тасевски лежерно пие кафе со сторителот според МВР класична лага е обвинувањето за наводна блискост на раководни лица во полицијата со лице кое извршило кривично дело.

МВР тврди дека против лицето С.М. се поднесени две кривични пријави, приведуван е во полициска станица, а вршени се и претреси на дом, што директно покажува дека и во овој случај ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и ја лаже јавноста, реагирааат од МВР од каде не кажуваат на колку години затвор е осуден сторителот. Поседување на автоматско оружје може да донесе затвор од една до десет години.

Претходно, Стоилковски праша дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес?

Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски? Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини? – праша Стоилковски.

МВР не одговара на сите прашања на Стоилковски. Можеби поради страв дека и за овие ситуации постојат соодветни фотографии и документација.

Тасевски е човекот кој како бодигард на Заев пукаше со пиштол во Собранието на 27 април.