Сликајте се со Ахмети во ДУИ, можеби ќе станете член на УО на државна лотарија (ФОТО)

Ако се направи научно истражување речиси извесно ќе се докаже дека сликање со лидерот на ДУИ во партиското седиште и објава на социјалните мрежи може да ви донесе членство во Управен одбор на државна компанија која се занимава со игри на среќа.



Некои од тие што сликале со Ахмети во седиштето на ДУИ и ја познавале неговата десна рака Груби, и на кои тоа им донесло среќа и членство во УО на Државна Лотарија се Перпарим Бајрами и Омер Буњаку.

Тие од деновиве со одлука на владата на Ковачевски и Груби се назначени за членови на надзорниот одбор на новата видео лотарија.

Фотографијата е направена пред 18 месеци во седиштето на ДУИ.