Штипјанката Јована Коцева, 13-годишна ученичка во основното училиште „Димитар Влахов“, е авторка на цртежот што папата Франциско го избрал за да го изложи во неговата работна канцеларија во Ватикан,.
„Пред неговата посета, во ОУ ‘Димитар Влахов‘ учениците добиле задача да нацртаат нешто за папата и Јована го нацртала неговиот лик, а во позадина и ликот на Исус. Бев воодушевен кога дознав дека папата Фрањо најавил оти цртежот на Јована ќе биде ставен во неговата канцеларија во Ватикан“, вели дедото Јордан Коцев.
Јована има голема желба наесен да го продолжи школувањето во некое од престижните средни ликовни училишта во Венеција или Милано. За оваа нејзина определба има голема поддршка од семејството, најмногу од нејзините баба и дедо, кои се спремни и финансиски да ја помогнат, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.





