Илјадници фанови на „Вардар“ конечно ги дочекаа своите јунаци кои пред некоја минута слетаа на скопскиот аеродром.



По неколку часови чекање и по пет одложувања ракометарите видно уморни се појавија пред околу 4-5.00 верник навивачи.

По славењето на аероромот, шампионите со панорамски автобус на ЈСП се упатија кон скопскиот плоштад, каде ќе се одржи централната прослава.

Панорамскиот автобус ќе помине низ главните булевари за граѓаните да може да ги видат и поздрават европските победници.