Измените на кривичниот законик се упад во казнено правниот систем,наместо да се почека новиот кривичен законик кој три и пол години го поготвува работна група заедно со ОБСЕ,а во месец октомври треба да влезе во собраниска процедура,преку ноќ под одредени влијанија се протуркаа измени-вели академик Владо Камбовски,член на работната група. Со Уставот и законите не може да се игра туку така,тоа се некои мистериозни договарања, одлуки од кои после се бара да се преточат во закони.Тоа индицира амнестија на одредени политички функционери.
- “Ако ние не се вратиме на патот на правото и на уставноста, ние нема да добиеме вакво бесмислено вето што го добивме од Бугарите околу едно прашање кое за мене дури и не заслужува и толкав публицитет, како што ќе добиеме едно тешко вето за владеењето на правото од кое после не ќе можеме лесно да се извлекуваме”-вели академик Владо Камбовски.
-Тоа ви е власта, вие можете да направите и надобар закон но на крајот превагнува политичкото одлучување.Кај нас веќе 30 години се развива тезата за неогрничените можности на политиката и дека таа треба да ги води работите во државата, да го турне правото кога не треба на страна и со политички договори да ги решава проблемите,тоа вели Камбовски води до низа непредвидливи опасности.
Корупцијата во Македонија е навлезена во сите пори на општеството, од највиската власт до најниските слоеви а изворите на корупцијата се политичките партии.
- “Имате корупција и на ниво на извршната власт, имате корупција и на ниво за законодавната власт и на ниво на судскaта власт.Излезот е еден, за мене клучно е владеење на правото и судскиот систем реформите таму.Немаат тие закои ефект ако имотот што е нелегално заработен не се конфисукува, иначе вие ќе го осудите, ќе одлежи затвор меѓутоа милиони се одлеале и тој имот треба да се најда механизми прецизни да се конфискува”-вели академик Таки Фити.
Политичките партии при донесување на одлуки треба да се договараат во парламентот,таму да се пресели моќта од тој невидлив политички дијалог.Двајцата академици велат дека се потребни радикални реформи и во политичкиот систем да влезат нови сили кои не се оптоварени со наследство на давање земање или игри помеѓу политичките партии.
Извор: Алфа.мк






