„Прогресивните историчари, ослободени од националистичкиот наратив, го нагласуваат фактот дека славомакедонското малцинство постои, а неговиот идентитет е прашање на дискусија, бидејќи од тоа што остана е поделено на грчки националисти и други етнички групи, но тоа е факт, тие постојат и денеска“, вели Тасос Костопулос, грчки новинар и историчар во неделното интервју за Радио Слободна Европа во одговор на прашање како македонско-грчката Комисија за историски, археолошки и образовни прашања ќе го третира периодот на Граѓанската војна во Грција и Балканските војни.



„ И секогаш се работи за историја на репресија уште од почетокот на 20. век. Лингвистичка, национална репресија. А фактот дека ова малцинство стана сојузник на комунистичката герила со цел да биде прифатено како национално малцинство во социјалистичка Грција.

И факт е дека на тие бегалци не им било дозволено да се вратат назад и затоа имаше притисок од одредени историски кругови за нивното право на репатријација. Бидејќи тоа беше вистински расистичка мерка, да бидат исклучени само поради нивното негрчко потекло. И ова е голема дебата.

Тука, се сомневам дека ќе има отпор, полесно е за ова да се најде заеднички јазик, претпоставувам, секако ако македонската страна не го стави ова во иредентистички контекст, во смисла ова е наше национално право кое ни припаѓа од античка Македонија. Ако не се направи така, тогаш ќе биде и полесно да се затвори и ова прашање“.

Извор: Радио Слободна Европа