…Градот Скопје излезе со досега најмасивниот список на нови имиња со кој „ќе се дополни постојниот регистар на скопските улици“, како што вели Петре Шилегов. Во ова „генерално чистење“ на градските улици, закитено со нешто повеќе од 570 старо-нови имиња, повторно настрада оној по кого никогаш не е именувана ниту една улица, а сепак на градот му ја има подарено најубавата улица.
Ете, за авторот на повеста „Улица“ (1950), една од најубавите и секако најважните посвети на една скопска улица, значи за Славко Јаневски нема место ниту во овој регистер.
Ете, не можеше неговото име да се најде некаде меѓу „Кројач Ангелковски“ и „Лева патика“, на пример. Не можеше авторот на првиот македонски роман, родениот скопјанец Славко Јаневски да застане рамо до рамо покрај, да кажеме, извесниот Дани Калош, за кого во образложението зошто добива улица има само еден збор – „патриот“! – вели новинарот Ѕвездан Георгиевски за „Сободен печат“






